Шкријељ: На мајките чие породилно отсуство истекува им се продолжува и тоа е платено
Во соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување е донесена уредба со законска сила во делот на Законот за работни односи што вели дека сите оние мајки чие породилно отсуство истекува од моментот на прогласување на вонредната состојба, а тоа е 18 март, тоа им се продолжува и е платено породилно отсуство, значи ФЗОМ го сноси трошокот. Самата процедура за продолжување на отсуството, како и во редовни услови се спроведува преку ФЗОМ, информира денеска дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.
Самото отсуство, како што посочи Шкријељ на видеосесијата во Владата, се регулира со потврдата и со лична изјава во која родителот наведува дека тој, а не другиот родител се грижи за детето.
– Ова е состојба што трае подолго време и се разбира дека е можно родителите наизменично да го користат отсуството. Се што треба да направат е да достават таква лична писмена изјава во Секторот за човечки ресурси, во институцијата, во фирмата каде што работат за да се регулира отсуството, вели таа.
Шкријељ потсети дека ослободени од работа и работни активности се лицата со хронични болести, лицата кои се потполно слепи, лицата во инвалидска количка и оние со умерена и тешка интелектуална попреченост.
– Одлката е ослободување од работа и работни активности. Во исклучителни ситуации, како што е наведено во писмената изјава, работникот треба да е достапен за работодвачот. Во исклучителни ситуации доколку има потреба за извршување на некоја активност која што е витална и неопходна за работниот процес работодавачот може да побара извршување на некоја активност од дома или максимум два часа присуство на работното место. Станува збор само за исклучитлени ситуации, дококу треба да се реализира некоја работна активност што е навистина витална за работниот процес, потенцира Шкријељ.
Таа дополни дека лицата со попреченост имаат право на движење во текот на работните денови од 19 до 20 часот и во текот на викендите од 11 до 13 часот со придружник. Овие лица нема потреба да вадат дозвола од МИОА, единствнео со себе треба да имаат некој наод, решение или документ што ја докажува попреченоста.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година