Шилегов: Во Шуто Оризари се инвестира интензивно прв пат по подолго време

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ Петре Шилегов заедно со кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари Асан Ферат вечерва имаа средби со граѓаните од оваа општина. Тие беа придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје, Софија Пејкова и за Шуто Оризари, Нежиме Саитова.
Шилегов посочи дека во Шуто Оризари се инвестира интензивно првпат по подолго време. – Ја реконструиравме улицата „Индира Ганди“ во должина од 1.900 метри од крстосницата со булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“ до крстосницата со улицата „Нов живот“, а во моментов се реконструира и третата фаза од истата улица во должина од 800 метри, истакна Шилегов.
Тој информира дека во рамки на програмата за одржување сообраќајници на ЈП „Улици и патишта“ преку меѓуопштинска соработка реконструирани се и делови од улиците „Рељо“, „Кипарска“, „Брегалничка“, „Демирхисарска“, „Вашингтонска“, „Карабуница“, „Злетовска“…
– Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализациска мрежа во висина од 13,5 милиони денари. Реализиравме партерно уредување, зазеленување и поставување на урбана опрема во дворот на училиштето „Шаип Јусуф“ и асфалтирање на спортското игралиште во висина од 6,5 милиони денари, нагласи Шилегов.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и раззеленети се 210 жардиниери.
– Заради буџетските рестрикции во услови на пандемија проектот за Културен центар во Шуто Оризари беше одложен, но ќе биде повторно вратен во програмите за проектирање и изведба на објекти на Град Скопје. Шуто Оризари е општината со најбогата и најшаренолика автентична култура во целиот град и нејзините уметници, особено музичките, заслужуваат шанса да творат во институција со сите услови. Овој културен центар е од непроценливо значење и за кандидатурата за Европска престолнина на културата 2028, најави Шилегов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
