Шилегов: Позади Арсовска стојат истите луѓе кои купуваат плацови на Водно и го обезличија Скопје
Градоначалникот Петре Шилегов во своето последно обраќање пред жителите на Карпош ја побара поддршката за вториот круг нагласувајќи дека граѓаните се силата која на изборите ќе одлучи дали Скопје ќе продолжи напред.
- Во недела вие одлучувате дали ќе ја продолжите скопската успешна приказна или ќе оставите нашето Скопје да го водат истите оние луѓе кои до пред само 4 години го обезличија градот заради своите криминални планови, потенцираше Шилегов.
- Тоа се истите луѓе кои ги тепаа студентите по архитектура, кои организираа по 3 прегласувања во Центар, гасеа лифтови, го уценуваа и апсеа претседателот на Советот на Општина Центар, за да можат да ги купат становите и плацовите на Водно за Груевски, нагласи Шилегов потсетувајќи на денешното судење за случајот „Плацови на Водно“.
- Тоа се истите луѓе кои користат исти методи, кои безочно лажат и бегаат на првата кривина од новинарски прашања, од дебати, од граѓаните, од било кое место каде што нивните лаги можат да бидат разобличени. Скопје не смее да падне во рацете на Данела Арсовска и нејзиниот ментор Груевски, повика градоначалникот Шилегов потсетувајќи дека неговата противкандидатка бега од телевизиски дебати и соочувања криејќи ја вистината за своето минато и плашејќи се од разобличување на пласираните лаги на Арсовска и најкорумпираната партија во Европа, како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Нови проблеми за Барселона овојпат од Англија
-
Песочна бура предизвика верижен судир во Србија | ВИДЕО
-
Комисијата даде негативно мислење за употреба на името „Цар Борис III“ во називот на бугарскиот клуб во Охрид
-
Ристески: Селекторот Груби го пушта Ковачевски да игра само наместени натпревари
-
64-годишен струмичанец се обидел да силува 43-годишна жена
-
Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
-
Во Франција продолжуваат протестите против пензиската реформа
-
Најмалку двајца загинати во напад со нож во муслимански центар во Лисабон