Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

Како резултат на заложбите на Владата и Министерството за образование и наука за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември.
Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, девет месеци ќе добиваат по 3.500 денари, нагласуваат од владината прес-служба.
- Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки. Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка, како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор, е вклучување на 550 компании што директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки. Како Влада правиме конкретни чекори за унапредување на образованието и создаваме кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите, се наведува во денешното соопштение.
Се истакнува дека преку ова се намалува невработеноста, но и се стимулираат младите да ги усовршат практичните вештини со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
- Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија. Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија. Нашата заложба е да обезбедиме иднина за сите и да ја вратиме надежта кај младите. Државата е на патот на промените, додаваат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
