Умерено да се внесува храна по постите, советуваат лекарите
Верниците кои 40 дена постеле за Божиќ, пред Божиќната трпеза треба да го навикнат организмот на друга храна поразлична од онаа што се внесувала во изминатите 40 дена. Лекарите советуваат граѓаните да бидат доста внимателни, бидејќи, во спротивно, во ризик го ставаат сопственото здравје.
Валентина Митрова, матичен лекар, вели дека се треба да е умерено и храната и пијалоците.
– Не треба да се претперува со обилни, масни оброци, затоа што сѐ тоа може да се одрази на здравјето, бидејќи во претходниот период биле навикнати на еден друг начин на исхрана. Сѐ она што ќе почнете да го консумирате за Божиќ, може да ви направи нелагодност. Во однос на гастрични тегоби, надуеност, киселина дури при премногу мрсни оброци, ако не се надмине тој преоден период може да дојде и до воспалување на жолчната кеса, панкреатит како најсериозно манифестирање, вели Митрова.
Таа дополнува дека препораките важат за сите, не само за оние кои постеле во изминатите 40 дена.
Ново на Сител
-

Американската војска е подготвена да го нападне Иран в сабота, Трамп сè уште не донел одлука
-

Почна Рамазанскиот пост
-

Рубио идната недела во Израел ќе се сретне со Нетанјаху
-

Осум скијачи загинаа, еден исчезна во лавина во Калифорнија
-

Без вода касарната Илинден и дел од „Македонско-косовска бригада“
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
