Шест сообраќајки во Скопје во текот на изминатото деноноќие
Сопатник со тешки телесни повреди се здобил во една од вкупно шест сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во една сообраќајка со полесни повреди се здобило едно лице, а во останатите четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера 19 возачи возеле побрзо од дозволеното, петмина поминале на црвено светло, четворица неправилно престигнале, а тројца возачи ја немале во возилата соодветната зимска опрема.
Од сообраќај биле исклучени вкупно девет возачи, од кои двајца возеле под дејство на алкохол, шест пред да се стекнат со правото на управување и еден почетник. Од сообраќај е исклучено и едно нерегистрирано возило.
Затекнати биле 55 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 66 возила.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата