Шеснаесет турски војници загинаа во напад врз конвој извршен од ПКК
Турската армија денеска соопшти дека 16 турски војници се убиени, а шестмина се повредени при напад врз воен конвој извршен синоќа од припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел од земјата.
Курдските бунтовници активирале експлозивна направа, поставена на патот кај селото Даглеџа, во округот Хакари, кога минувале две оклопни возила, се наведува во армиското соопштение.
ПКК, пак, претходно денеска објави дека нејзините борци убиле 31 турски војник во нападот, по што следеле судири.
Армијата, исто така, соопшти дека турски авиони-ловци денеска бомбардирале 23 позиции на ПКК.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу веднаш остварил контакт во Анкара со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Хулуси Акар.
Нападот врз воениот конвој во округот Хакари е најсмртоносниот напад извршен од ПКК во последниот период.
Ново на Сител
-
Во возило од градски превоз во Велес пронајден мртов 60-годишен маж
-
УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски
-
Мицкоски: Постигната историски највисока цена на килограм откупен тутун од 400 денари
-
Нови 600 вработувања во МВР, Мицкоски повика на трпение, работите се решаваат една по една
-
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
-
Верстапен ја доби својата четврта последователна титула во Формула 1
-
Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки | ФОТО
-
Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор