УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски
Управата за јавни приходи ги потсетува сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни дневни или вечерни прослави и продаваат влезници (резервации) и/или ваучери, дека се должни да издадат фискална сметка при продажбата, согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања.
Оваа обврска, велат од УЈП, се однесува и на сите останати угостители кои ќе остварат готовински промет за други угостителски услуги, кој треба да го регистрираат преку одобрен фискален систем и да издаваат фискални сметки за крајните корисници на услугите.
-Воедно ги потсетуваме даночните обврзници – угостители кои ќе ангажираат музичари или естрадни уметници во наредниот период како физички лица, да склучат договори за извршување на повремени или привремени услуги и да го пријават и платат данокот преку системот на УЈП на https://e-ujp.ujp.gov.mk/. Од значење е да се има предвид дека данокот на додадена вредност не е Ваш – тој припаѓа на сите граѓани. Апелираме на видно место да истакнете Соопштение, каде што ќе ги информирате потрошувачите за нивната обврска да бараат фискални сметки, се вели во денешното соопштение од УЈП.
Оттаму велат дека потрошувачите на добра, односно корисниците на услуги, при купување должни се да побараат фискална сметка и да ја чуваат по напуштање на местото на прометот на доброто, заради контрола. Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.
Од Управата за јавни приходи информираат дека вршат контроли на терен на цела територија на државата.
-За угостителите кои нема да издаваат фискални сметки или нема да ги почитуваат законските обврски, ќе бидат преземени соодветни мерки и поведени прекршочни постапки согласно Законот за прекршоци, Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП) и Закон за даночна постапка (ЗДП) и тоа преку издавање на прекршочен платен налог. Доколку обврзниците ја платат глобата во рок од 8 дена, износот на истата се преполовува, но доколку глобата не се плати во зададениот рок, УЈП поднесува барање до Комисијата за поведување на прекршочна постапка и изрекува забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена, сѐ до моментот на плаќање на глобата и отстранувањето на неправилноста, се вели во соопштението.
Во случај, даночните обврзници да не се усогласат со Законот за регистрирање на готовински плаќања, нагласуваат од Управата, при повторна контрола УЈП има право веднаш да изрече забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.
-Стопанствениците регистрирани даночни обврзници кои закупиле штандови за продажба на пијалаци, храна и други производи на организиран простор за прослава за претстојните празници, имаат обврска да користат одобрен фискален апарат, во доволен број, и за секоја услуга, односно за секоја продажба да издаваат фискална сметка. Воедно, во книгата на дневни финансиски извештаи да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса навремено, а најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет, велат од УЈП.
Од Управата за јавни приходи испраѓаат апел и до сите физички лица кои ќе вршат дејност од времен карактер, како дел од базари или новогодишни и божиќни настани на отворен или затворен простор, а сè уште се немаат усогласено со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД), да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП каде што ја вршат дејноста, со цел да им се издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход и налози за плаќање на данокот за остарениот приход во периодот додека ја вршеле дејноста.
Ново на Сител
-
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
-
Верстапен ја доби својата четврта последователна титула во Формула 1
-
Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки | ФОТО
-
Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор
-
Крадец фатен на дело во Прилеп
-
Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија
-
Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
-
Влада: Осум странски инвестиции, се работи посветено на економскиот напредок на државата и отворање нови работни места