Македонија
14. December 2024 - 11:30

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

На 13.12.2024 во периодот од 22.10 часот на 13.12. до 00.45 часот на 14.12.2024, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш.(49) и З.И.(22), двајцата од с.Чегране, гостиварско.

При претрес во угостителски објект во с.Чегране, извршен со судска наредба, сопственост на Ш.Ш., кај сопственикот и вработениот З.И. биле пронајдени и одземени 53 пакувања со кокаин, марихуана и пари. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.