Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед

Репрезентативецот на Словенија Бенјамин Шешко од следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед. Веста е потврдена од повеќе извори, а трансферот „тежи“ 76,5 милиони евра.
Но, нема да бидат само тие средства за досегашниот тим на Шешко Лајпциг бидејќи во догвоорот има и клаузули за бонуси во висина од 8,5 милиони евра, што потенцијално ќе достигнат до 85 милиони евра.
Шешко ќе има договор со „црвените ѓаволи“ до 2030 година.
Во оваа ситуација губитник e Њукасл, особено што овој премиерлигаш во текот на целиот преоден рок се обидуваше да го доведе Шешко во своите редови, како замена за Александер Исак, кој сака да направи трансфер во Ливерпул.
Со доаѓањето на Шешко на „Олд Трафорд“ премиерлигашот ќе има сосема ново напаѓачко трио со Матеус Куња и Брајан Мбеумо.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
