Шешељ: Се надевам дека мојата поддршка за Трамп ќе биде пресудна
Лидерот на СРС Воислав Шешељ изјави денеска оти се надева дека неговата поддршка ќе биде пресудна за победа на Доналд Трамп на овогодинешните претседателски избори, јави Танјуг.
Шешељ така реагираше на информацијата поради тоа што колумнистот на „Бостон глоуб“ Алекс Беам го стави во „ВИП личностите кои го поддржуваат претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп.
- Уверен сум дека сите Срби кои живеат во Америка ќе гласаат за него, но и многу други Американци, кои ги ценат моите политички погледи и идеологијата која ја застапувам, рече Шешељ.
Запрашан зошто смета дека победата на Трамп би донела нешто позитивно за Србија, Шешељ рече дека Трамп јасно и гласно го осудил бомбардирањето на Србија и оти во кампањата се однесува како српски пријател.
Ново на Сител
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“