Шербеџија: „Ослободување на Скопје“ е филм за судбината на децата во војните
На Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ денеска во Битола беше претставен тимот, режисерите, продуцентите и главните актерски имиња кои настапија во „Ослободување на Скопје“, македонско-хрватско-финска продукција. Филмот учествува во натпреварот на кинематограферите на овој фестивал, а зад камерата во овој најнов филмски производ е македонскиот кинематографер Дејан Димески.
Според режисерот Раде Шербеџија, главниот мотив во филмот, со које беше отворен фестивалот, бил да ги пренесе погледите и судбината на децата со која се соочуваат низ суровите војни.
- Филм не се режира само затоа што некој сака да си го исполни сонот или тоа му е опсесија. Затоа секогаш треба да си го поставиш прашањето зошто тоа го правиш!? Во овој филм мене ме интересираше актуелноста на приказната, темата за војните во опкружувањата, но гледана со очите на едно дете. Се интересирав за судбината на тоа дете, анализирав што тоа дете гледа и сето тоа да го поврзам со денешната ситуација кога гледаме како илјадници деца посведочиле или сведочат за една крвава историска сцена во која сите ние учествуваме овие години, истакна режисерот Шербеџија на ИФФК „Браќа Манаки“.
На денешната прес-конференција беа претставени актерот од Финска Мико Хусаинен, актерката од Хрватска Луција Шербеџија и македонските актери Силвија Стојановска, Петар Мирчевски и Давид Тодосовски кој ја толкуваше улогата на Зоран, осумгодишното момче, и херој на оваа приказна.
- Во филмот настапив по претходно извршена селекција и конкуренција од 1.500 деца. Се пријавив сосема случајно и со согласност на родителите. Бев возбуден кога ми соопштија дека сум избран за носител на главната улога, истакна Тодосовски.
ИФФК „Браќа Манаки“ - Битола продолжува со програмските содржини во различни категории, а публиката освен филмовите може да ја погледне и отворената изложба на тема „40 години Кинотека на Македонија“.
Ново на Сител
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо