Шекеринска: Во проектот за хеликоптерската прва помош нема вклученост на Центарот за обука на пилоти
Центарот за обука на пилоти е центар наменет за обука на пилоти на Министерството за одбрана, на Министерството за внатрешни работи и тој останува домашен капацитет. Тој Центар до 2021 година го водиме заедно со приватниот партнер, но после тоа останува целосна одговорност практично на нашата Армија.
Ова е одговорот од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на новинарско прашање дали во Центарот за обука на пилоти, ќе се обучуваат и ќе биде седиштето на хеликоптерската прва помош и спасување.
– Во овој проект нема вклученост на Центарот за обука на пилоти, децидна е Шекеринска.
На прашањето каде ќе биде локацијата на хеликоптерската прва помош, Шекеринска појасни дека тоа е прашање кое согласно условите на тенедерот и договор останува на концесионерот, но тоа, повтори, не е Центарот за обука на пилоти,
– Водевме сметка после тоа да не дозволиме да имаме конфиктни надлежности. Центарот за обука на пилоти бидејќи е дел од Армијата нема да биде дел од овој проект, рече министерката за одбрана Шекеринска по денешниот увид во новореновираните и комплетно опремени лаборатории на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во кои е инсталирана напредна образовна технологија наменета за проектот за напредно учење на далечина.
Сепак, посочи дека во физибилити студијата таа опција била разгледувана, но како резултат на дебати во Владата, било одлучено дека во договорот што е понуден на кој било приватен концесионер, таа опција да не биде отворена.
Ново на Сител
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот