Шекеринска: Убедена сум дека гласот против блокади се повеќе ќе расте
Со добри резултати убедена сум дека ќе ги демантираме и најголемите скептици. Убедена сум дека гласот против блокирање од било кого се повеќе ќе расте. Видовте дека последните денови по одлуката на Бугарија посилна е критиката што доаѓа од другите европски градови отколку разочарувањето и критиката кои оправдано доаѓаат од кај нас.
Ова го изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по средбата со професорот од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје Игор Јорданов за проектот за иновативен високо-технолошки текстилен материјал за војничка униформа, наменет за припадниците на Армијата и за земјите-членки на Алијансата, поддржан од Програмата на НАТО – „Наука за мир и безбедност“.
– Кога работите зависат од нас, јас сум секогаш оптимист затоа што кога ќе го дадеш максимумот резултатите ќе дојдат. Тој тип оптимизам секогаш сме го имале во Владата, во МО или во академската заедница. Меѓутоа прашањето во билатералните спорови не е само што можете вие да направите, прашањето е што ќе направи и втората страна, и не можете вашиот оптимизам да го искористите за да ја сработите нивната задача, рече Шекеринска одговарајќу на новинарско прашање во врска со последната блокада од Бугарија.
Според неа, попаметниот пристап е да кажеме дека зад нас е голем успех, станавме членка на НАТО, затоа што, подвлече, носевме паметни одлуки.
– Ќе продолжиме да носиме паметни одлуки и да водиме вистински политики не само за да и покажеме на ЕУ дека се однесуваме европски, туку заради тоа што знаеме дека македонските граѓани се европјани и очекуваат од нас европски стандарди, нагласи министерката за одбрана.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто