-->
-->
Шекеринска: Со одлуката во Собранието, Македонија извлечена од ризиците за изолација
-->

-Честитам за заедничкиот напредок што во петокот го постигнаа 80 пратеници – и од власта, и од опозицијата, со една единствена цел – да се потврди евроатлантската ориентација на Република Македонија. Пратениците коишто беа и се поддржани од сите демократски сили во нашата земја, презедоа одговорност, ја искористија историската шанса и испишаа нова страница во историјата на Македонија, со која таа, најпосле, се извлекува од калта на минатото и од ризиците на изолација и отстуство од напредок, рече Шекеринска.
Историскиот глас на пратениците, рече таа, во исто време беше глас против изолација, но и против несигурност и против сиромаштија. Глас против нови политички кризи.
-Тој глас повторно ги сврте очите на светот кон Република Македонија, кој ја поздравува покажаната државничка одговорност на пратениците. За поздравување се токму таа одговорност, да се има сила сите работи да се стават настрана, а во центарот на одлуките да се стави иднината на Македонија. Овој историски момент повикува на обединување на сите прогресивни сили во Македонија, тоа ни е потебно како никогаш досега. Верувам дека сега е возможна дури и поголема поддршка во Собранието за спроведување на Договорот од Преспа. Секој пратеник кој верува и знае дека Македонија треба да стане дел од западниот свет, треба да ги поддржи уставните измени во следните фази. Затоа ние ќе продолжиме да повикуваме и да спровдуваме политика на обединување на сите позитивни и прогресивни сили во државата, рече Шекеринска, која одговарајќи на новинарски прашања рече дека и амнадманите нема да ги пишуваат зад затворени врати, туку во соработка со Собранието.
На огромно мнозинство граѓани, рече таа, Македонија денес е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна еврпска иднина за која, рече, сите сонувавме и се боревме во овие 27 години.
-Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и дека е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија.Одлуката на двотретинското парламентарно нозинство значи влез на Макдонија во безбдносниот штит на најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со оваа одлука, Македонија станува и фактор на стабилност во регионот. Потврдуваме со оваа одлука дека сигурноста на нашите граѓани е гарантирана, а државните граници се заштитени, и тоа засекогаш, истакна заменик-претседателката на Владата, нагласувајќи дека отворените врати на НАТО и на ЕУ ќе донесат и странски инвестиции и ќе ги охрабрат домашните, од што ќе бидат отворени нови работни места
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фудбалерите оддадоа почит
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош