Шекеринска: Сегашната политичка опција ја донесе земјава до членство во НАТО и преговори со ЕУ
Коалициските партнери, кои стојат зад Владата имаат консензус по двете стратешки прашања – членство во НАТО и членство во ЕУ. Покажавме дека и на двата плана имаме резултати, изјави денеска во Куманово министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со можноста да падне Владата и да се разниша владејачката коалиција доколку земјава не добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата.
– Не гледам никаква причина да се создадат дилеми во владината коалиција заради тоа што пораката која што е упатена од министрите за надворешни работи, сега видовме и од претседателите и од премиерите е дека ние го завршивме нашиот дел од задачите и тоа е драматично различно од ситуациите пред неколку години. Меѓутоа, ниту една задача не е завршена додека не се постигне резултатот и затоа работиме на тоа државата да ги почне преговорите, нагласи Шекеринска, која денеска во Куманово заедно со претседателот Стево Пендаровски и началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ,присуствуваа на свеченоста на Здружената оперативна команда (ЗОК).
Таа рече дека единствените кои повеќе се грижат за иднината на Владата отколку за иднината на државата „се оние коишто не донесоа во ситуација по 14 години од кандидатскиот статус, ние да сме државата која што ги нема почнато преговорите и мислам дека тоа е неодговорно и недржавничко однесување“.
Шекеринска истакна дека сегашната политичка опција ја донела земјава до членство во НАТО и до тоа да ги почне преговорите со ЕУ.
– За само две години успеавме од држава, која немаше никаква, ни европска, ни НАТО перспектива, да станеме држава која што е пред членството во НАТО и држава за која за првпат по 2005 ќе дискутираат премиери и претседатели и ќе носат одлуки, изјави министерката за одбрана.
– Тоа го кажа дури и најскептичната земја – Франција. Од наша страна нашите обврски се завршени. Единственото што стои меѓу нас денеска и почетокот на преговори е реформата која што Франција ја заговара, ја предвидува и ја бара и во поглед на внатрешните состојби во Унијата, но и во поглед на самиот процес на проширување, нагласи Шекеринска.
Таа нагласи дека стратепка грешка било што сме ги пропуштиле подобрите години за проширување на ЕУ во период влезе Хрватска и кога Србија и Црна Гора почнаа преговори.
– Ние не можеме назад да го вратиме времето, но може да спречиме повторување на грешките. Покажавме дека државата не ги повторува грешките, сега на потег се европските лидери, додаде таа.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг