Шекеринска: Поголема поддршка за домашните компании
Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5 денеска ги претстави мерките од Планот за живот во Кичево каде што изјави дека како партија се залагаат за заеднички живот без разлика на припадноста, за која политичка партија гласале, на кој јазик говорат, или на која етничка заедница припаѓаат.
- Сите сакаат живот во Македонија, а кога зборуваме за живот во Македонија, мислиме на повисоки плати и пензии. Кога зборуваме за заеднички живот, зборуваме за минимална плата која веднаш ќе ја покачиме на 12.000 денари, со цел чекор по чекор да порасне на 16.000 денари. Мислиме на просечна плата од 30.000 денари со која може да се прехрани семејство, со која може да се обезбеди пристоен живот, рече Шеќеринска.
Барајќи ја поддршката на иборите од граѓаните, таа истакна дека ќе се заложат пензиите два пати годишно да се усогласуваат со порастот на плати и на трошоци, за поврат на 15% од ДДВ-то, како и за фер даноци, односно оние коишто имаат помалку - да плаќаат помалку.
- Во нашиот План за живот во Македонија ќе ги поддржиме домашните претпријатија со 140 милиони евра, 100 пати повеќе од она што денеска го добиваат од владата во заминување. Целта ќе ни биде со повеќе пари во домашните претпријатија да влијаеме во зголемувањето на бројот на работни места и на зголемување на платите. На тој начин младите ќе ги задржиме овде во Македонија, рече Шеќеринска.
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар