Шекеринска: Нема замрзнати конфликти, само замрзнати решенија
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска, на традиционалната меѓународна конференција „Дубровник форум“, го поддржа ставот на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Потполно се согласувам со Захариева, рече Шекеринска пред присутните на Форумот, дека многу не критикуваа за Договорот со Бугарија, но сега граѓаните од двете земји сметаат дека тоа е гаранција за стабилност.
- Нема замрзнати конфликти, туку само замрзнати решенија, порача Шекеринска.
Захариева претходно во обраќањето, меѓу другото, ги поздрави своите колеги Никола Димитров и Никос Коѕијас за потпишувањето на Договорот за името на Република Македонија и посака успех на претстојниот референдум.
Форумот во Дубровник го отвори хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а во фокусот на дискусиите е неопходноста Европа да зајакне и да се соочи со миграцијата, растот на популизмот и загрозувањето на нејзините основни вредности.
Ново на Сител
-
Боди камери за искоренување на корупцијата кај царинските службеници
-
Национален совет за развој
-
Контроли на Клиниките
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Скопје
-
Преглед на вести од светот
-
Прва средба Муцунски-Герапетритис во Њујорк
-
Претседателката на Албанското собрание во Скопје – средба со Гаши, Ахмети и Филипче
-
Зголемена потребата од негуватели во Охрид