Македонија
23. September 2024 - 12:17
Зголемена потребата од негуватели во Охрид
Зголемена потребата од негуватели во Охрид.Иселувањето на младите,и нивната презафатеност со работните обврски но и немањето на Дом за стари лица ја наметнува потребата за згрижување на повозрасни лица чии семејства сега живеат надвор од Македонија и останале овде сами.
Негувателите не само што помагаат во извршување на секојдневните активности од пазарување до посета на доктор. Тие се и важен чинител кој пружа психосоцијална поддршка и помош во борба против осаменоста.
Црвениот Крст од Охрид спроведува обуки за негуватели која трае три месеци практичен и теоретски дел ,досега сертифицирани се 40тина негуватели за комерцијални цели а дел се вработени во нега центарот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->