Македонија
23. September 2024 - 16:37

Контроли на Клиниките

Случајот со поранешниот директор на клиника кој земал дури 500 000 денари патни трошоци за 10 месеци без покритие, ќе го истражува и други институции.. Во Фондот за здравствено осигурување бил пријавен анонимно а финасиските контроли утврдиле дека нема никаква документација за парите што ги земал. На понатамошна истрага ќе биде и екс менаџерот на болница што си ја зголемил платата за 400 000 денари како и останати злоупотреби во јавни здравствени установи.

-По барање на институцијата анонимни пријави се прават вонредни контроли во неколку институции а некои од нив и беа објавени во јавноста. Она што ќе следи за клиниката за ендокринологија каде пријавата беше анонимна и за останатите ќе бидат доставен идо неколку адреси – Министерството за здравство, финасиската полиција и Министерството за внатрешни работи, вели Сашо Клековски, в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување.

Вонредните контроли на Фондот исто така констатирале и самоволие со непостоечки плати и непочитување на колективен договор во една јавна здравстверна установа, додека, пак, во други се злоупотребувале дежурствата за лекари да земаат повеќе пари.

Засега е непознато колкави се штетите од овие злоупотреби. Од Фондот, пак, иако најавија се уште не го соопштуваат планот за санација преку кој ќе треба да бидат покриени дел од милионските долгови на клиниките и болниците кои сега должат 5 милијарди денари.