Шекеринска на меѓународниот „GLOBSEC“ форум во Братислава
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на форумот „GLOBSEC“ во Братислава, каде ќе има и одвоена средба со словачкиот колега, Јарослав Над.
Во рамки на форумот, министерката Шекеринска ќе биде панелист на дискусијата на тема „НАТО 2030 – како дотаму” за улогата на Алијансата во развојот на новите иновативни технологии и прилагодувањето на новите предизвици за евроатлантската безбедност.
Говорници на овој панел ќе бидат и словачкиот министер за одбрана Јарослав Над и министерот за одбрана на Канада, Харџит Саџан.
Форумот „GLOBSEC“ е еден од водечките годишни форуми посветени на глобалната безбедност. Годинава, над 100 говорници – претседатели и премиери, министри за надворешни работи, за одбрана, за здравство, директори на глобални компании и претседатели на глобални тинк-тенк организации ќе разговараат на теми поврзани со демократската обнова, економското заздравување и развој, технологиите и безбедноста и отпорноста на здравствените системи.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ