Македонија
24. October 2017 - 11:29

Шеикот Ал Тани од Катар разгледувал локации за инвестирање во Охрид

 - Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани од Катар деновиве престојувал во Охридско каде разгледувал повеќе слободни локации за изградба на хотели.

Остварил средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која му биле презентирани можностите за инвестиции во областа на туризмот и хотелиерството. На средбата присуствувале и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што информира локалната самоуправа, по презентацијата за можностите за инвестирање, високиот гостин од Катар посетил неколку од предложените локации и најавил дека за скоро време ќе го извести градоначалникот Стојаноски за неговите конкретни намери за инвестирање.