Шефот на СЗО револтиран од извештаите за смртни случаи по воздушниот напад врз Рафа
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус огорчено реагираше на извештаите за смртта на неколку Палестинци во осомничениот израелски воздушен напад врз градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, пренесе ДПА.
– Извештаите дека биле бомбардирани шатори во кои се засолнувале раселените луѓе во Рафа, во кои наводно загинале 11 луѓе и се повредени 50, меѓу кои и деца – се срамни и неописливи, напиша тој на Х.
Неговите коментари се одговор на изјавата на здравствената управа во Газа, контролирана од исламистичкиот Хамас, во која се вели дека најмалку 11 Палестинци биле убиени, а 50 се повредени во осомничениот израелски напад.
Информацијата не може да се потврди независно. Двајца здравствени работници се меѓу загинатите, според шефот на СЗО.
Здравствените работници и цивилите мора да бидат заштитени во секое време, рече тој. „Го поvикуваме Израел да го прекине огнот“, повтори Гебрејесус.
Израелската војска синоќа соопшти дека нападнала група борци од милицијата Исламски џихад.
Хамас соопшти дека биле погодени шатори на бегалци пред влез на болница и дека меѓу жртвите има и болничар и медицинска сестра во болницата.
Околу 1,5 милиони луѓе се засолнија во Рафа, најјужниот град во Газа на границата со Египет.
Повеќето се бегалци кои побегнале од други делови на крајбрежниот појас и се сместени во шатори без соодветни санитарни услови или здравствена заштита.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси