Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва

Поради посетата на претседателот Александар Вучиќ на Москва во изминатите неколку дена, „нема да има прекин на процесите за интеграција на Србија во Европската унија, ниту санкции од Брисел. Тоа денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ. Тој додаде дека српската дипломатија покажала „доследност“ во изминатите неколку дена.
Во изјава за РТС Ѓуриќ нагласи дека во наредните денови претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, ќе го посетат Белград, и очекува зајакнување на односите со Брисел, што „нема да биде на сметка на избалансираната надворешна политика на Србија“.
„Нема да има прекин на (европската) интеграција ниту санкции, тоа наскоро ќе се види, дека можеме само да очекуваме континуиран развој“, рече Ѓуриќ.
Шефот на српската дипломатија додаде дека Србија сака да го забрза развојот на односите со САД, дека претстои стратешки дијалог со официјален Вашингтон, како и дека го очекува доаѓањето на новиот американски амбасадор.
Ѓуриќ, исто така, најави дека во блиска иднина ќе биде објавена голема покана под името „Биди српски дипломат“, преку која студенти и експерти ќе бидат поканети да се приклучат во редовите на српската дипломатија, преку која Србија сака да „го прошири своето присуство во клучните геополитички центри“.
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
