Тетовската полиција поднесе кривични пријави против 14 навивачи
Тетовската полиција поднесе кривични пријави против 14 навивачи кои беа вмешани во инцидентите со навивачки групи во Тетово. Полицијата ги расчисти конфликтите кои настанаа на 02.03 и 4 ноември помеѓу навивачите кои извикуваа националистички, навредливи пароли а дел од нив фрлаа со камења и шишиња кон угостителски објект во центарот на градот.
Инцидентот први го започнаа Војводи на Тетекс за време на прославата по повод 30 години од формирањето на навивачкиот клуб кога скандираа националистички пароли. Ваквото навредливо скандирање продолжи и утредента на фудбалски натпревар помеѓу Тетекс и Трим Лум од Струга.
Кривично ќе одговараат и навивачите на Шкендија „Балистите“ кои на 04 ноемри им возвратија на конкурентите, пеејќи навредливи песни кон етничките македонци, за скандирање националистички пораки и фрлаање со камења и шишиња кон кафуле во центарот на Тетово. Според видеото објавено на итнернет, во тој момент кафулето кое важи за македонско во градот беше преполно со гости а во нивна заштита интервенираше полицијата.
Двајца од навивачите против кои полицијата поднесе кривични пријави се од Скопје, еден од село Требош а останатите 11мина се од Тетово. Сите навивачи ќе одговараат за насилство.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците