Шеесет и две годишен охриѓанец осомничен за убиството на жената во село Велгошти
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 62 години, жител на Охрид, кое е осомничено за сторено кривично дело убиство извршено на свиреп начин во село Велгошти. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Охрид поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.
Како што информира Јавно обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид доцна попладнево изврши увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена. Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.
По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември