Џет-Сет
1. January 2018 - 14:40

Шармантната ТВ водителка се породи на Нова година, Ирена роди син

За шармантната водителка, ова сигурно ќе биде година за паметење. Таа се породи вчера на пладне, и на свет донесе син.

Имено, Ирена Спасиќ Стојановиќ, некогашната водителка на емисијата „48 часа свадба“, се породи во Белград.

Името на бебето го одбрала постарата ќерка Нера, а мајката и синот се чувствуваат одлично. Бебето при раѓањето доби највисоки можни оцени.

Ирена до самиот крај од бременоста работеше во Хепи Телевизија како уредник на забавната програма.