Македонија
2. July 2024 - 16:39

Незадоволство од одлуката на Уставен суд

Граѓанските здруженија кои се против работата на извршителите лути се на Уставните судии. Прашуваат што ги натерало да го сменат мислењето и по шест месеци да одлучат дека Законот за облигациони односи е неуставен.  Се сомневаат дека судиите зеле поткуп.

„Што ги смени тие судии со голем стаж да го сменат своето мислење - „Јас тврдам парите!'', изјави Марјан Ристески.

„Сакам да ги прашаме Уставните судии и Јавното обвинителств, дали 5 илајди евра се доволни да се купи глас на Уставен судија и дали е тоа законски?“, вели Марјан Ненов. 

Реакциите следат откако минатиот месец Уставен одлучи да поведе постапка за Законот за облигациони односи и дозволи наместо за пет, извршувањето на долговите повторно да застарува по изминати 10 години.

„Својот интегритет го рушат на овој начин. Едно мислење кога ќе се донесе во правото, тоа е тоа мислење. Не може да се менува за шест месеци!“ изјави Ана Глигорова. 

За донесената одлука, дел од судиите се соочија со закани по животот ги пријави претседателот на Уставен, а според полицијата зад нив стоел лидер на партија и му поднесе пријава за загрозување на сигурноста.