-->
-->
Шампионот ќе слета околу 20.30ч
-->
Ракометарите на Вардар нема да пристигнат во 18:30 часот како што беше најавено, туку во 20:30 часот. Ова го потврди и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, а причината била административни проблеми.
„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот.“, напиша Шилегов на својот профил на „Фејсбук“.
Некои од информациите говореа дека главната причина поради одложувањето на летот било заминувањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, но таа информација официјално не е потврдена.
На официјалната страница на аеродромот во Скопје, пишува дека летот од Келн е одложен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат