Шаќири: Сите сме добитници во овој процес освен тие што изгубија настава
Завршивме со овој процес, сите да ги имаме позитивните поуки, иако беше долг процесот сите сме добитници, сите освен тие што изгубија во наставата и да се најде начин и тоа да се искорегира, изјави вечерва во Тема на денот министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со договорот со СОНК за покачување на платите.
-Кажувам дека сме добитници бидејќи имавме можност во овој период на лоша економска ситуација да најдеме начин за повисоки плати, сме добитници за тоа дека се отворија повеќе колективни договори и се отворија неколку дискусии во тие колективни договори каде што ќе има повеќе придобивки и за наставниот кадар освен ова што е предвидено. Мислам дека беше добар, отворен процес и нашите преговори со СОНК ќе продолжат не завршуваат со она што денеска се потпиша туку ќе ја разгледуваме заедно секоја стратегија за основно и средно образование, рече Шаќири.
Ново на Сител
-
ОЈО ја прошири истрагата за екс генералниот секретар на Владата
-
Повторно активиран пожарот кај охридските села Вапила и Сирула
-
МПСОЗ: Демантираме дека отпуштените од ЈП „Комунална Хигиена“ се вработени според Програмата K5
-
Ивановска: Спорот меѓу обвинителството и финансова ги покажува системските слабости во функционирањето на двете институции
-
Претреси во Скопје
-
ЦУК: До овој момент нема активни пожари
-
Влада: Со „Отворен Балкан“ ќе добиеме работна сила во дефицитарните дејности
-
МОН: Формирана Комисија за повлекување на учебникот Социологија за втора година гимназиско образование