Спорт плус
28. July 2019 - 17:07
Шахистите на Алкалоид доминантно до нова титула екипен првак
Ништо ново кога во прашање е екипното шаховско првенство на Македонија во прашање, односно освојувањето на шампионскиот трофеј. Шахистите на Алкалоид и по осми пат во низа се екипни прваци.
На што изминативе седум дена се одржуваше во Охрид, до новиот трофеј Алкалоид стигна со максимални 14 бодови од 7 натпревари. Зад нив завршија, Гамбит Асеко Скопје со 10 и Прилеп со 9 бодови.
Интересно е да се спомене дека за Алкалоид ова е вкупно 26-та титула во 28-те одржани екипни првенства на Македонија.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->