Северна Кореја навестува можно рестартирање на нуклеарните тестирања
– Северна Кореја индиректно се закани дека повторно ќе почне да тестира нуклеарни бомби и интерконтинентални проектили, јави ДПА.
Севернокорејскиот државен медиум KCNA денеска јави дека Политбирото на Работничката партија на земјата, одржало состанок од кој произлезе наредба за повторно разгледување на мерките за градење доверба преземени од Пјонгјанг, како и разгледување на продолжување на сите привремено суспендирани активности.
Експертите на ова гледаат како алузија на сопствената забрана за тестирање ракети со долг дострел и нуклеарно оружје на Северна Кореја од 2018 година.
Лидерот Ким Џонг – ун го водеше вчерашниот состанок, на кој официјалните лица, наводно, разговарале за тоа како во иднина да бидат насочени мерките против САД.
Американската администрација е обвинета за пристапување до „опасната линија“. Затоа, задачата на националната одбрана треба да биде зајакнување на „физичките средства што можат ефикасно да ги контролираат непријателските потези на САД“, јави севернокорејската агенција.
Веќе подолго време имаше стравови дека Пјонгјанг може да продолжи со нуклеарните тестирања.
Бидејќи напредокот во преговорите меѓу САД и Северна Кореја за нејзината нуклеарна програма се во застој Ким кон крајот на 2019 година веќе навести дека Пјонгјанг повеќе не се смета обврзан со мораториумот за тестирања.
Американското Министерство за финансии неодамна усвои нови санкции против Северна Кореја, кои вклучуваат додавање на петмина државјани на списокот со санкции. Тие се обвинети за набавка на стоки за нивната земја за програмите за проектили и оружје за масовно уништување.
Овој чекор на САД дојде како одговор на шесте тестирања на балистички ракети со краток дострел, извршени од Северна Кореја во септември. Такви тестови на Северна Кореја се забранети со резолуции на ОН.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
