Светската метеоролошка оранизација избира нови имиња за урагани
Организација која дава имиња на тропски бури и урагани соопшти денеска дека ги „повлекува“ имињата Ерик и Патриција.
Светската метеоролошка организација објави дека бурите во Атлантикот од сега ќе се викаат Елза и Џулијан, а Памела ќе се користи за катастрофи во источен Пацифик.
Организацијата го обновува списокот на имиња на секои шест години, што значи дека новите имиња ќе се користат до крајот на 2021 година.
Имињата на бури и урагани се повлекуваат кога природната непогода е исклучително смртоносна или катастрофална, па се смета за „безчуствително“ на помала бура да се даде истото име.
Тропската бура Ерик предизвика смрт на 30 луѓе на карипскиот остров Доминика и на едно лице на Хаити, па затоа тоа име не се повторува.
Ураганот Хоакин однесе животи на 34 луѓ,е вклучувајќи и 33 члена на екипажот на товарниот брод Ел Фаро.
Ураганот Патриција остана запаметен како најсилен ураган во западната хемисфера.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто