Сеул им дозволи на пребегнатите Севернокорејци да останат во Јужна Кореја
Јужнокорејските власти им дозволија на група од 13 Севернокорејци, вработени во еден севернокорејски ресторан во Кина, да останат во Јужна Кореја, откако денеска ги ослободија од „притворот“ каде престојуваа по нивното бегство.
Целата група од 12 жени и еден маж, сега може да ја започнат постапката за обезбедување легален престој и трајно населеување.
Групата угостители, во април годинава побегна од севернокорејскиот ресторан во кинескиот град Нингбо и побараа азил во Јужна Кореја.
Тамошните власти беа сомнителни кон бегалците, објаснувајќи го тоа со „невообичаено големата бројка“ па сите ги затворија и ги задржаа на испитување, стравувајќи дека станува збор за обид на властите во Пјонгјанг за уфрлање свои разузнавачи на југот од поделениот полуостров.
Во Сеул велат дека тоа е вообичаена процедура во вакви ситуации со бегалци од Северот и обично трае три месеци.
Властите во Северна Кореја, веднаш по инцидентот, соопштија дека не станува збор за бегство, туку дека сите 13 угостителски работници биле „грабнати“ од јужнокорејската разузнавачка агенција.
Ослободувањето на целата група доаѓа само еден ден по соопштението за бегството на висок севернокорејски дипломат во Лондон кој со целото свое семејство пребегнал во „трета земја“.
Кинеските власти отфрлаат секаква одговорност за целиот случај, објаснувајќи дека Севернокорејците заминале легално од Кина, затоа што сите имале уредни патни документи.
Северна Кореја има отворено повеќе од 130 ресторани со корејска храна во разни земји во светот, со цел да се обезбеди странска валута.
Во рестораните работат само Севернокорејци кои претходно детално се проверуваат околу нивната лојалност кон режимот.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени