„Сетстет“ и „Фајтинг виндмилс“ на „Скопско лето“
Во Сули ан вечер од 21 часот на „Скопско лето“ концерт ќе имаат бендовите „Сетстет“ и „Фајтинг виндмилс“.
Тие ќе го изведат делото „In C”, што заедно го адпатирале, од американскиот композитор Тери Рајли, пионер на современата минималистичка музика кој твори во полистилистичкиот период на 1960-тите години.
Македонската нео џез-група „Сетстет“ (Sethstat) на сцената е повеќе од 30 години и досега има осум албуми.
„Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) е скопски состав, формиран во 2007 година, во кој членуваат пет музичари од поновата генерација. Создаваат музика од многу жанровски влијанија, како пост-рок, пост-панк, слободен џез, амбиентална и современа класична музика.
- Овој заеднички проект е природен спој на две групи со слични уметнички концепции. Преку оваа уникатна интерпретација на „In C“ музичарите ќе се обидат да ги вклопат стилските влијанија кои се одлика на двата состава како џез, панк, пост-рок, електроника, современа класична музика, електро-акустична музика итн., соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје - организатор на „Скопско лето“.
Ново на Сител
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка