Сертификати од ЗЕЛС за „Форуми во заедницата“
Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС денеска ќе им додели сертификати на 37 обучени лица за модератори за спроведување на граѓанската алатка „Форуми во заедницата“.
- Проектот „Сертификација на форумски модеаратори“ е напредна фаза од проектот „Форуми во заедницата“ и преку него ЗЕЛС утврди стандард за квалитет во областа на модерирањето на форумските сесии, воспоставувајќи комплетен процес на стекнување сертификат за модератори, преку следење адекватни обуки и полагање испит. Неговите услуги се во полза на општините што ја користат оваа нова форма на граѓанско учество во локалната власт, информира ЗЕЛС.
Сертификатите ќе ги доделат претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски и амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефано Лазарото.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција