Македонија
28. February 2025 - 12:35
30 лица чекаат трансплантација на орган
30 лица сеуште чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот, од нив 20 врзани со механичка пумпа 24 часа, зависни од напојување, батерии и кабли. Тие постојано се со машината живеејќи во надеж дека ќе го доживеат денот да добијат шанса и ќе се најдат на листата за трансплантација на срце.
Иако секојдневно се изложени на животозагрозувачки ризик сепак овие пациенти не се на приоритетната листа.
Органодарувањето и поттикнување на граѓаните активно да се вклучат во овој благороден процес значи шанса за нов живот.
Во земјава досега се извршени 11 трансплантации на срце, а ниту една кај пациент со механичка поддршка.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->