Loading Video...
Свет
28. December 2020 - 16:42

Серија од три силни земјотреси ја погодија Хрватска

Серија од три силни земјотреси ги погодија хравтските градови Сисак и Петриња. Првиот со јачина од 5  степени по Рихтер удрил  во 6 часот и 28 минути .Околу 8 часот и другите два - со магнитуда  oд 4,7 ,односно 4,1.  Граѓaните сведочат за направени штети но и стравуваат од нови потреси.  Срушени или оштетени се и стари објекти во државна сопственост.  Премиерот и претседателот ветија дека штетите ќе бидат надоместени.

Јужна Кореја, Норвешка, Португалија и Канада се најновите  земји  во кои  е регистриран новиот вид на коронавирусот, што првп пат се појави во Велика Британија  Јужна Кореја пријави три случаи, по два Норвешка и Канада. Португалија не прецизира колку луѓе се заразени.

Кинески суд  и изрече 4 годишина затворска казна на граѓанската  новинарка Жанг Жан која известуваше  за почетокот на ковид пандемијата во Вухан. Според судот, со известувањето таа придонела за ширење паника меѓу граѓаните. Извештаите, фотографиите и видеата Жан ги објавуваше на социјалните мрежи.