Фудбал
30. October 2016 - 9:08

Серија А: Игуаин „го реши“ Наполи

Со голот на Гонзало Игуаин во 71.минута Јувентус го победи Наполи со 2:1.во дербито на 11.коло од Серија А одиграно синоќа во Торино. Поранешниот играч на Наполи го реши натпреварот и не се радуваше по постигнувањето на голот.

Инаку, домаќинот поведе во 50.минута преку Леонардо Бонучи, а изедначи Хозе Каљехон во 54 минута.
На вториот натпревар одигран вчера Фиорентина како гостин ја победи Болоња со 1:0.
Денеска се играат шест натпревари од оваа рунда од Серија А.