Сендвич наречен по словенечкиот пратеник кој поднесе оставка

Словенечки дистрибутер за брза храна, специјализиран за сендвичи ја искористи актуелната афера која изнуди оставка од еден пратеник и на пазарот пласираше сендвич наречен „претставник“.
– Во прашање е корисна алтернатива за невкусен чин на еден од 90-те избрани претставници на народот во нашиот Парламент, соопшти компанијата „Сендвичарна“, притоа алудирајќи на пратеникот Дариј Крајчич, кој под притисок на својата партија Листа на Марјан Шарец вчера го врати мандатот откако во разговор со колегите призна дека на пауза на седницата земал сендвич од локал во близина и поминал покрај благајната, бидејќи продавачките не му посветувале внимание, а тој брзал.
Иако подоцна го платил сендвичот и кажа дека станува збор за „општествен експеримент“ за да ја испита будноста на контролата, премиерот Шарец инсистираше Крајчич да го врати мандатот, но со забелешка дека тоа е престрога мерка за него и дека не заслужува такво нешто.
Фирмата „Сендвичарна“ со филијали во Велење, Цеље, Марибор и Љубљана, маркетиншки го искористи тој случај и почна да ги продава сендвичите „претставник“.
Сендвичот е направен од домашно печиво со интегрално брашно, словенечки сувомеснати специјалитети и кисела павлака.
Првата серија од 90 „претставници“ е испратена во народна кујна во Љубљана, како доказ дека станува збор за добротворна кампања, додека останатите ќе се продаваат по цена од 2,5 евра.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
