Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран.
Резолуцијата со која се бараше прекин на сите непријателства кон Иран, што не беше одобрена од Конгресот, ја предложи демократскиот сенатор Тим Кејн. „Против“ неговата иницијатива се изјаснија 53 сенатори, а 47 беа „за“.
Единствен демократ кој гласаше против е сенаторот од Пенсилванија, Џон Фетермен, а за гласаше сенаторот од Кентаки Ранд Пол.
- Доналд Трамп ја втурна Америка во конфликт без јасни цели, без план и без овластување од Конгресот, изјави пред гласањето лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
Конгресот има ингеренции за објавување на војна, но Резолуција за воени овластувања првпат беше употребена како одговор на Виетнамската војна во 1973 година, со која му се овозможува на претседателот на поведе ограничена воена интервенција за да одговори на непосредна закана по САД.
Демократите тврдат дека во случајот со Иран немало непосредна закана по САД.
За резолуцијата денеска ќе се гласа во Претставничкиот дом, а поради републиканското мнозинство се очекува сличен резултат.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
