Сенатот на САД го утврди Стивен Мнучин за министер за финансии
Американскиот Сенат го утврди поранешниот банкар од „Голдман Сакс“, Стивен Мнучин за министер за финансии.
Со тоа беше назначен клучниот човек во Владата на Доналд Трамп, кој ќе одговара за даночната реформа, финансиска дерегулација и економска дипломатија.
Сенатот ја поддржа номинацијата на Мнучин со 53 наспроти 47 гласови.
Сенаторот Џо Манчин од државата Западна Вирџинија беше единствениот демократ, кој гласаше за Мнучин.
Стивен Мнучин е богат бизнисмен. Тој е поранешен извршен директор на „Годлдман Сакс“ и беше задолжен за финансиите на предизборниот штаб на Трамп.
Трамп изјави за Мнучин дека „финансискиот систем ќе биде во одлични раце со новиот министер“.
Претседателот на САД додаде дека министерот ќе се бори за намалување на даноците за средната класа и за работни места во производниот сектор.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје