Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
Јавното обвинителство денеска соопшти дека јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите.
Преку исказите дадени пред јавен обвинител, тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.
-За таа цел, во следните два дена, во соработка со волонтерите од „Support Kocani”, Обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право. Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените, информираат од државното Јавно обвинителство.
Сослушувањата ќе бидат поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.
-Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените. Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата. Тоа може да се направи со пополнување на следниот ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА, кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: http://istragakochani@jorm.mk , се наведува во соопштението од ОЈО.
Семејствата на настраданите денеска во Кочани ќе го одржат седмиот протестен марш барајќи неселективна правда.
Ново на Сител
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација
-
Со сопствени иновации, Кина го редефинира фармацевтскиот пазар
-
Наплаќале 150 до 5.000 евра за да овозможат туѓа нега или инвалидска пензија, обвинение за 36 лица во „Синдром“
-
При висок УВ-индекс да се избегнува престој на отворено - апелираат дерматолозите