Семејно советување ги подобри односите меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли
По бурниот неколкугодишен развод кој заврши лани, Бред Пит и Анџелина Џоли сега се во добри пријателско-родителски односи. Тоа, веројатно, е резултат на „долго семејно советување”,како што открива неименуван извор близок до двојката, за списанието „Пипл“.
Тие двајца имаат шест деца: Медокс (18), Пакс (16) Захара (15), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12 години).
– Сигурно е тоа дека ним им требаше помош, за да ги решат проблемите околу старателството и како Бред одново може да биде татко. Сега, кога децата се поголеми, тие веќе не претставуваат причина за раздор. Им одзеде многу време, со долга семејна терапија, за да стигнат до таа точка. Бред сака да минува колку што може повеќе време со децата, вели анонимниот пријател.
Клучен миг, според него, бил договорот за старателство. – Бред и Анџелина изминаа долг пат. За изненадување на многумина од најблиските нивни пријатели, комуникацијата значајно им се подобри и тие двајцата сега се посветени на родителството, додава неименуваниот пријател на поранешниот брачен пар.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа