Семејна драма во Скопје: На Вибер му се заканувал дека ќе го убие ако не му ја даде ќерката
Вчера утрината околу 10 часот во Полициското одделение Сарај, 46-годишниот Е.Б. од село Љубин-скопско, пријавил дека од страна на неговиот внук, 19-годишниот Е.Б. му била загрозена сигурноста.
Според кажувањето на пријавителот, истиот ден преку вибер, Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му ја даде неговата ќерка. Претходно, на 14.02.2018 година околу 23:50 часот му се јавил неговиот братучед А.Б. и го предупредил да внимава затоа што неговиот внук избегал од домот. Тој избегал откако дознал дека пријавителот ја верил неговата ќерка и бил револтиран затоа што бил во љубовна врска со неа. Пријавителот, исто така, појаснил дека внукот Е.Б. на 31.12.2017 година ја зел неговата ќерка и два дена биле заедно во хотел во Тетово без негова дозвола, а бидејќи не знаел каде е ќерка му тој ја пријавил за изчезната во Полициската станица.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите