Македонија
29. July 2024 - 20:07

Семејна драма: Татко го нападнал синот со нож, а тој го удрил со тврд предмет

- На 28.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Свети Николе 20-годишник пријавил дека во светиниколско село, по претходна расправија, бил нападнат со остар предмет од неговиот 54 - годишен татко. Во врска со случајот, во 10.20 часот, 54-годишно лице пријавило дека по вербална расправија неговиот 20-годишен син го нападнал со тврд предмет, нанесувајќи му тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.