Селекторот Раца во друштво на „новајлијата“ Тревис, Антиќ на другиот крај од арената
На синоќешниот натпревар на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија против Унгарија, на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ имаше забележител број на познати кошаркарски работници, актуелни, но и поранешни репрезентативци, членови на сениорската репрезентација.
Кошаркарската јавност присутна во „Борис Трајковски“ за прв пат можеа да го видат новопечениот репрезентативец, Ромео Тревис кој траба да биде засилување за македонската репрезентација во претстојните квалификации за Европското првенство.
Американецот, Тревис беше во дручтво на селекторот Драган Раца, а во негова близина и неколкумина актуелни членови на националниот тим.
За разлика од нив, некогашниот капитен на црвено-жолтите и актуелен член на Фенербахче Улкер, Перо Антиќ натпреварот го следеше заедно со синовите.
За жал, како и сите останати, па и тие, арената ја напуштија незадоволни од исходот бидејќи македонските јуниори загубија од своите врсници од Унгарија со 56-78.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?