Loading Video...
Спорт плус
10. January 2021 - 20:01

Селекторот Матијашевиќ очекува пласман на следното ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација утре во 18ч. во Скопје со дуелот против БиХ ги започнува квалификациите за пласман на следното ЕП. Селекторот Никола Матијашевиќ денеска го соопшти списокот на одбојкари за овие средби кои ќе се играат од 11. до 16. јануари. Поради повреда нема да настапи Никола Маџунков. 
 
Коректори: 4.Никола Ѓорѓиев 
 
Техничари: 2.Ѓорѓи Ѓорѓиев, 11.Филип Деспотовски 
 
Примачи: 1.Дарко Ангеловски, 5.Владо Милев, 8.Александар Љафтов,16.Стојан Николов, 17.Лука Костиќ 
 
Средни блокери: 7.Славе Наков, 14.Иван Андонов, 19.Ристо Николов, 20.Филип Савовски
 
Либера: 12.Филип Николовски, 18.Васе Михаилов