Loading Video...
Фудбал
26. September 2019 - 15:30

Селекторот Изов објави списокот на фудбалерки за натпреварите против Казахстан и Србија

Македонската женска фудбалска репрезентација на  2 и 5 октомври ќе одигра два нови натпревари во квалификациите за Европско првенство 2021 година.

Селекторот Кирил Изов денеска го објави поширокиот список на фудбалерки на кои ќе смета за дуелите со Казахстан и Србија. 

Список на повикани фудбалерки:
Викторија Панчурова (Тиверија), Александра Ристовска (Тиверија), Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Улза Максути (Ас Јунајтед), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Наумовски Адријана (Ајова, САД), Димоска Теодора (Тиверија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов), Драгана Костова (Драгон 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија);
 
Потсетување дека нашата селекција која на стапува во првата групата Г, квалификациите го започна со поразот од Австрија на гости со 3-0. 
 
Подготовките за претстојните два меча, фудбалерките ќе ги започнат на 28  септември во Скопје, а натпреварите против Казахстан и Србија ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 2 и 5 октомври со почеток од 15 часот