Македонија
20. February 2019 - 16:42

Села и Заев се скараа за Таравари - можен ли е договор за заеднички кандидат?

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села му ја откажа денешната лидерска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев околу можноста за заеднички консензуален кандидат за претседателските избори.  Причината е револтот на Села за одземените ингеренции на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари од министерството за образование.

Според Заев, Таравари не постапувал согласно законот, но се надева дека решение на проблемот набрзо ќе биде пронајден.

Од Алијансата пак, велат  ТЕЛОП: со власт што носи режимски одлуки како таа за одземање на ингеренциите на  Таравари немаат зошто да седнат на заедничка маса.

Дали и кога ќе има нова средба Заев – Села е незивесно, иако премиерот тврди дека се во комуникација. Тој и понтаму смета дека идејата за консенсуален кандидат е добра и возможна.

Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше овој концепт. Според партијата на Хрстијан Мицскоски тоа што на јавниот повик на СДСМ за избор на партиски кандидат за шеф на државата е доволен доказ дека во владејчката партија нема демократски капацитет.

Според политичките аналитичари пак, огласите и јавните повици во власта и опозицијата за да се дојде до кандидатот за изборите е повеќе шминка отколку вистинска демократизација, но дека е чекор кој треба да се поздрави. Смета дека идеја за консензуален кандидат е добра, но тешко оставрлива.

Според него, кандидатот треба да се очекува од најистакнатите министри во Владата.

Премиерот Заев досега поддршка за консенсуален кандидат доби од лидерите на ДУИ, Алтернатива и ДПА. Конечната одлука треба да биде донесена од партиските тела до крајот на неделава.